Заев: Јас сум роден во Социјалистичка Република Македонија, тоа значи дека моите деца не се мои бидејќи се родени во Република Македонија?

by fokus

Ја слушам госпоѓа Силјановска Давкова како изјавува дека е родена во Народна Република Македонија и ако и дадат лична карта со Република Северна Македонија, нема да е таа. Е која ќе е? Некоја друга ли? Аманте со тоа, реагира премиерот, Зоран Заев, на изјавата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, дадена на почетокот од нејзината кампања.

Тој порачува дека поради Договорот од Преспа двајцата премиери се номинирани за Нобелова наград, што, додава, само по себе е голема работа.

-Јас сум роден во Социјалистичка Република Македонија, децата мои во Република Македонија, и сега тоа не се моите деца? Јас сум тој, моите деца се тие, а и Давкова е истата, сите сме исти. Пресериозни амбиции имаме за претседателска функција, претседател на државата не може да му пркоси на Договорот – порача тој во интервју за ТВ Тера додавајќи дека влогот е влез во НАТО и ЕУ.

Поврзани новости