ВМРО-ДПМНЕ да не заборават дека на времето кога требаше да се прави демаркација, дојдоа од владата на Косово, претставници од Албанија, Американци, како и од Македонија, на чело со претседателот на комисијата, Теодор Јанев, и побараа од мене да им помогнам, да ги елиминирам проблемите и да придонесам за прашањето на демаркацијата, што беше во интерес на регионот. Ние тогаш го дадовме нашиот придонес, за да докажеме дека не сме криминалци, вели во интервју за „Лајм“ Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа.
– ВМРО-ДПМНЕ тогаш во Танушевци испрати четири министри, таму беше и Бујар Османи може да го прашате. Тогаш се договоривме да ја отворат границата, но тоа никогаш не се случи. Ние тогаш баравме да се исполнат некои барања, да се отвори амбуланта, да се градат патиштата. Но не лажеа како и секогаш, изјави Хоџа.
Тој истакна дека Антонио Милошоски како тогашен министер за надворешни работи го молел преку телефон и му рекол дека не му пречи што бил бунтовник.