540
Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа од конфликтот во 2001 година, потврди дека добил функцијата во владата.
„Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене“, напиша тој на фејсбук.
Шаќири додава дека со Зоран Заев имал договор да го ослободи Танушевци, а за возврат да добие функција близу до премиерот како гаранција за неговата безбедност.
„Фактички, Заев направи математика да ме приближи до себе и да нема никакви проблеми. Јас не сум направил договор со Заев за гласови и очекувам овој договор премиерот да го испочитува“, напиша командант Хоџа.