Колумбискиот претседател ја доби Нобеловата награда за мир

by fokus

Комитетот за доделување на Нобеловата награда денеска соопшти дека колумбискиот претседател е добитник на Нобеловата награда за мир поради својот труд да ја заврши 50 години долгата граѓанска војна во таа земја со герилските бунтовници ФАРК.

Сантос е избран од рекордни 376 номинирани кандидати, меѓу кои 228 поединци и 148 организации.

Пред објавувањето на резултатите, обложувачниците најмногу шанси им даваа на сириските „Бели шлемови“, доброволците кои според процените спасиле околу 60.000 луѓе од урнатините на Алепо, како и преговарачите за иранската нуклеарна програма. Имаше очекување Нобеловата награда за мир да ја добие и Едвард Сноуден.

Поврзани новости