ОЈО ја прекина истрагата за Таки Фити, нема докази

by fokus 12:23
12:23

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска инфромираше дека покренало обвиненија против  шест лица осомничени во предметот „Еразмус“, а истражната постапка за професорот Таки Фити е прикината, како што велат од ОЈО, немањето докази кои потврдуваат дека осомничениот го сторил кривичното дело.

-Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела. Обвинетите Б.Ш и С.Р се товарат за сторено кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1, лицето Д.Ј. се обвинува дека сторило кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1 и Примање награда за противзаконито влијание од чл.359 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетите Љ.Ј. и С.Д. се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик. Со обвинителниот акт се обвинува и лицето Д.Д. за сторени три кривични дела- Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.

- Advertisements -

 

Поврзани новости