Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од различни градови, од утрово тргнаа на пат кон Скопје за да присуствуваат на партискиот собир.
Автобуси има од Битола, Прилеп, Кичево, Делчево, Кавадарци, Велес итн.
Сите брзаат да стигнат на собирот кој ќе започне во 15 часот во ЦС „Борис Трајковски”.
Инаку, потпретседателот на опозицискиот СДСМ, Александар Кирацовски вчера тврдеше дека му бил доставен список од 2.000 административци на кои кадри на ВМРО-ДПМНЕ, имале намера да им ѕвонат и да бараат од нив да излезат на протести и контра-протести и на избори како нивни сигурни гласачи.
И од коалицијата за Промени и правда предводена од Павле Трајанов и Јове Кекеновски соопштија дека поседуваат сознанија, според кои носители на високи позиции во државните институции и директори на јавни претпријатија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ деновиве прават списоци на вработени и вршат притисок врз да подготват список на потенцијални гласачи.