Колку граѓаните ќе се офајдат од граѓанската обврзница и што ќе значи таа за државата?

by fokus

Државна обврзница, продадена на граѓаните, е финансиски инструмент кој ги обезбедува националните власти да соберат финансиски средства од јавноста за финансирање на различни проекти и потреби на државата, објаснува за „Фокус“, економскиот аналитичар, Абил Бауш за најавата на министерството за финансии дека од јуни годинава ќе се издадат првите граѓански обврзници со минимален износ од 10 илјади денари.

Според Бауш, продажбата на државни обврзници на граѓаните им овозможува да инвестираат свои пари во државата и да добијат редовни камати во враќање.

-Ова може да биде интересен начин за индивидуалните инвеститори да го заработат својот капитал или да го зачуваат во безбеден инвестициски инструмент.

Но, треба да се напомене дека во услови кога вие имате население со намалена куповна моќ односно ако се земе предвид дека просечната плата во државата чини колку една обврзница која би ја издала државата, тогаш колку граѓаните би се офајдиле од ова мерка, освен тоа што тука би инвестирале комерцијалните банки, инвестициските фондови и може реткост некој од граѓаните.

Како и да е добро што кај нас се вметнува и овој финансиски инструмент и е за поздравување, вели Бауш.

Сега се поставува и прашањето што би добила државата од овие обврзници? Според Бауш, прво, државата би имала извор на финансирање и второ, тоа би значело борба против инфлацијата.

Продажбата на државни обврзници за државата претставува начин на позајмување на финансиски средства од јавноста, вклучувајќи граѓани, институции и други инвеститори.

Оваа активност го овозможува финансирањето на државните расходи и проекти. Продажбата на државни обврзници на граѓаните овозможува државата да ги собере потребните финансиски средства за финансирање на различни проекти и потреби.

Ова може да помогне во поддршката на економските развој и инфраструктурни проекти, образовни програми, здравствени услуги итн. Финансирање на државниот дефицит, доколку државата има дефицит во буџетот, продажбата на државни обврзници им овозможува националните власти да ги приберат потребните финансиски средства за да ги покријат недостатоците, објаснува економскиот експерт.

Овој инструент исто така би можел да ја намали инфлацијата затоа што кога државаа издава обврзници, тоа и овозможува да ги добие потребните финансиски средства без да мораат да се печатат пари.

Ова може да помогне во стабилизирањето на финансиската состојба и да јан намали потребата за печатење на дополнителна парични средства, што може да придонесе кон намалување на инфлацијата. Всушност, повлекување на вишокот на пари од економијата ќе значи намалување на инфлацијата, додава Бауш.

Инаку, граѓанската обврзница ќе биде со рочност од две години, а нејзиниот минимален износ ќе биде 10.000 денари.

Граѓаните ќе можат и пред истекот на рокот да тргуваат со неа на Македонската берза доколку им се потребни парите. Преку овој инструмент државата планира во Буџетот за 2023 година да инкасира 50 милиони евра.

Ф.Ф.С.

 

Поврзани новости