Формула спектаклот започнува викендов – македонскиот професионален автомобилист Ристо Вуков доби поддршка од СН Групацијата за Порше Суперкупот 2023

by fokus

Во пресрет на официјалниот старт на Порше Суперкупот 2023, натпреварување кое веќе три децении се вози пред трките на Формула 1, СН Групацијата ja официјализираше поддршката за македонскиот професионален автомобилист Ристо Вуков Рико.

По тој повод Вуков го посети СН Мото Центарот во Скопје, кој е дел од СН Групацијата.

„Многу ми значи што СН Групацијата ги препозна моите напори и напорите на мојот тим. Трките од Порше Суперкупот спаѓаат во групата на врвни натпревари на глобално ниво. Колкаво е нивното значење зборува податокот дека тие се возат заедно со Формула 1 веќе три децении. Затоа за мене е голема чест и задоволство не само затоа што сум дел од светскиот куп, туку и затоа што врвни компании застанаа во наша поддршка. Охрабрени заминуваме на трката во Имола и верувам дека со поддршката од СН Групацијата ќе постигнеме резултати достојни за почит“, изјави Вуков.

„Големите предизвици заслужуваат голема поддршка. Токму тоа е причината што во поддршка на македонскиот професионален автомобилист Ристо Вуков Рико застана и СН Групацијата, во чиј состав се најголемото брокерско друштво во државата – СН Осигурителен Брокер АД Битола, СН Мото Центарот во Скопје и СН Сообраќајниот центар во Битола. Рико е нашиот херој на Порше Мобил 1 Суперкупот и ние веруваме дека за него и неговиот Омбра тим допрва ќе се слуша.“-изјави Иванчо Дафовски, управител на СН Мото Центарот.

Кристина Комненовиќ, менаџер во СН Мото Центарот и Бојан Москов, менаџер на продажба во СН Осигурителен Брокер, го запознаа Вуков со содржините на СН Мото центарот, кој нуди услуги на принципот на мултифункционален центар во чиј состав покрај технички преглед функционира и шалтер на СН Осигурителен Брокер.

По повод официјализирањето на соработката, Вуков и претставниците на СН Групацијата наздравија и со чаша шампањ. Ова беше повод исто така и за технички преглед на Поршето на Вуков.

„Приоритет на СН Мото-центарот е поголема безбедност во сообраќајот. Со оглед на тоа што техничката исправност на возилото е клучен параметар за да се осигури поголема безбедност во сообраќајот, чест ни е што можевме да извршиме технички преглед и на Поршето на Вуков.“-рече Дафовски, посакувајќи му на македонскиот автомобилист уште многу успеси на тркачките патеки, но и многу прекрасни и безбедни патувања и тогаш кога патува приватно.

Инаку, Вуков минатите три сезони ги мина како возач во Порше Карера Купот на Италија, каде што се етаблираше како возач кој континуирано освојува поени. Од годинава тој настапува во највисокото по ранг светско натпреварување од ГТ трките, Порше Суперкуп.

Календарот за 2023 година предвидува осум трки. Сезоната почнува на 21 мај во Имола, а завршува на 3 септември во Монца.

 

Поврзани новости