Колев бара оставка од Роберт Поповски за случајот со смртта на младиот Никола

by fokus

Претседателот на партијата Граѓанско-демократска унија, Петар Колев, повторно побара оставка од Роберт Поповски, министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

Цела недела да криеш, да дезинформираш и да се правиш како ништо да не се случило а на крајот еден млад живот да згасне е меко кажано невоспитано и нечовечки, му порача Колев на Поповски.

„Г-дин Поповски, вие како човек од медиумскиот свет сте добро информиран и знаете дека има уште илјадници вакви примери кога политичари во европските земји си поднесуваат оставки поради етички и морални причини. Бидете првиот македонски политичар кој ќе се одважи и ќе ја понесе сам својата одговорност. Поставете со својот пример висок критериум, покажете на граѓаните на нашата земја дека сте поразлични од другите, во спротивен случај во секој еден од нас ќе остане јасниот впечаток дека кожената фотеља, високата плата и куп други привилегии се поважни и од така шумно декларираните од самите вас европски вредности. Нема правда, нема мир, нели така г-дин Поповски?!“, вели Колев.

Поврзани новости