Повредите на главата биле фатални за Никола, покажала обдукцијата

by fokus

Извршената обдукција на судска медицина покажува дека причината за смртта на 21-годишниот Никола Саздовски – Саздо, биле повредените на мозокот. Обдукцијата е предадена на Основното јавно обвинителство, каде денеска се сослушуваа сведоци на бруталниот напад од кој почина момчето.

На распит беа повеќе очевидци на настанот, кои, како што велат од Обвинителство, се очекува да помогнат во расветлување на случајот. Потоа ќе се знае дали обвинителството ќе го преквалификува кривичното дело за кое се осомничени тројцата напаѓачи.

По еден од нив полицијата се уште трага, додека двајца се наоѓаат во притвор. Се очекува утре да бидат изнесени на распит кај надлежен јавен обвинител.

 

Поврзани новости