Македонски музичари, актери и јавни личности со емотивни пораки се простија од легендарниот пејач и текстописец Владо Јаневски, кој почина вечерва на 66-годишна возраст по кратко боледување.
,,Ох…Охх,ох, оххх…..
Си замина тивко, без поздрав….
Токму кога најдобрите се најпотребни, ти заминуваш….
Ми беше другар, а јас твојата Каља, како што милуваше да ме викаш…
Многу нешта споделивме во овој живот и во следниот повторно ќе се најдеме….
НЕКОГАШ И НЕГДЕ…, напиша Калиопи.
Се збогува и актерката Весна Петрушевска.
,,Тогаш некоја темна, необјаснива сила ме извади од гробот. Не знаев кој или што е тоа. Не зборуваше, но јас го следев без отпор.
Патувавме низ бескрајниот космос. Ѕвездите светеа околу нас, а Земјата исчезна зад нас.
По долго патување, далеку во вселената, здогледав друга планета. Личеше на Земјата, но беше поубава, посветла и исполнета со мир.
Кога се доближив, видов луѓе.
Тие беа прекрасни.
Достоевски
Знам дека го сакаше ….не знам што да кажам…ќе фалиш…”, напиша актерката.
Својата болка ја сподели и Тијана Дапчевиќ.
,,Другарче мое…мирно патувај кон вечноста..многу ќе и недостасуваш на твоја “Тијанисимо” ..ме искрши”.
Игор Џамбазов пак сподели цитат од пејачот.
