Путин воведе забрана за извоз на бензин и керозин

by valentina 22:21
22:21

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека Русија воведува привремена целосна забрана за извоз на бензин и авионски керозин, додека се разгледува можноста за воведување слична мерка и за дизел горивото.

Одлуката Путин ја соопшти за време на состанок со државниот и воениот врв, кој директно го пренесуваше руската државна телевизија.

Во интерес на домашните потрошувачи привремено е воведена целосна забрана за извоз на бензин и авионски керозин. Се разгледува и потребата од целосна забрана за извоз на дизел гориво“, изјави Путин.

Тој призна дека во одредени руски региони веќе има проблеми со снабдувањето со гориво и најави мерки за обезбедување доволни количини за домашниот пазар, особено за земјоделскиот сектор.

„Поминуваме низ тежок период, но од тоа многу научивме“, порача рускиот претседател на конференција на владејачката партија „Единствена Русија“.

Одлуката доаѓа во период кога Украина интензивно изведува напади со беспилотни летала врз руските енергетски капацитети. Во изминатите месеци беа погодени повеќе руски рафинерии, меѓу кои и постројката НОРСИ на „Лукоил“, како и големи нафтни капацитети во Московската и Јарославската област.

Слични вести