Кој нарачувал бифтеци, пршути, лососи со градски пари?

by Фокус

Додека СДСМ блефира и манипулира со јавноста дека Македонија е најдобро рангирана според извештајот на „Транспаренси интернешнал“, денес имаме нов доказ кој покажува зошто Македонија е повторно во групата земји со највисока перцепција за корупција во Европа, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Како што кажа таа, на сметка на Град Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани. Таа посочи дека се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари.

-Според наведеното во барањето за одобрување средства за репрезентација, лицето Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада, навел дека репрезентациите се искористени за гости од странство при промоција на скалата возило – наведе Митева.

Партиската портпаролка ја спомена и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, која, како што рече, за време на кампањата за локални избори, од сметка на градот потрошила 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар.

Поврзани новости