пишува Агим Јонуз
Народе (демос), среќо моја. Душо моја напатена. Од државата си направи филм. ‘’Од готово-вересија’’. Што зборам? Еве што. Во рацете пред дваесет и кусур години имаше нуклеарна бомба која на еден мал постор со население кое може да го изменаџира еден добар директор на Холдинг претпријатие можеше да пукне како чудо за позитивен пример во светот. И кој ти е бре? До кај стигна? Живееш ли подобро, посреќен ли си, по сит ли си, позгрижен ли си, по ‘’шизик’’ ли си? Каде си? Бастионот наречен ВМРО ДПМНЕ еден ден ќе падне. Па, ни кулата вавилонска не издржала, а камо ли они. Да расчистиме у старт дека ако не сум СДСМ – овец, не сум ни ВМРО-вец. Никого ниту бранам ниту напаѓам. Јас само си го гледам секојдневието со мои широко отворени очи. Што видов? Бар досега? Ех,.. Еве.
Од 17 Мај па полни шеесет дена да речеше некој нешто лошо пред една маса албанци против Заев, очи ке му ископаа. Колумната ја пишувам токму симболично на ‘’29 Новембар’’ приквечер и се сеќавам на некакви пароли ‘’ братство – јединство’’. Тој ден и полни два месеца после, амбиентот на ‘’обединета опозиција’’ беше олицетворена во Зоран Заев како лидер на сите оние незадоволни, очајни, соочени со можност да еднаш и конечно покажат дека Р. Македонија е последниот бастион на ‘’ Југославија во мало’’ ( симболино речено). Ќе бидам пресреќен ако некој ме убеди дека не сум во право ако речам дека шансата да се спаси Македонија во смисла на ‘’E PLURIBUS UNUM’’ отиде у три пизде материне. Тоа беше единствениот амбиент во кој се случуваше ‘’народ’’, а не партија. Партијата си имаше свој филм! Се вжештуваа мобилните телефони кога ке требаше да се појави Заев у кампот, и одеднаш у PRESS шаторчето вриеше како во кошница! Пушачи колку ти душа сака! Не кријам,… шетав и јас низ кампот и се обидував да бидам конструктивен. Та, демократија е тоа бе! Кампот, од оваа перспектива гледано имаше две категории кампери. Оние што за шеесет дека заработија ишијас седејки таму, и оние кои џабе отворија газ да се покажат дека се ‘’тука сме Зоки’’ за да ги има овој у предвид коа ке дели места. Тоа што Заев ги заеба пушачите и не е за дискусија затоа што тоа е внатрепартиски филм во кој не се мешам, туку за нешто друго.
Здружената ‘’опозиција’’ умре истиот ден кога се растури кампот!
Заев направи страшна грешка. Наместо да се флексибилизира и да остане ‘’крал’’ на здружениот незадоволен народ, отиде у офсајд заборавајки на сите кои му дадоа подршка во најтешкото. А, гарантирам дека и еднаш за навек ги загуби и Албанците. Барем оние кои масовно во еден период се приклучуваа на СДСМ верувајки дека го гледаат месијата кој ке го извади народот Давидов од челустите на Египатскиот фараон кон земјата Израилова. Што се случи? Не можеше ли да одигра барем ‘’тактички’’ и да стави барем една фаца која не е од неговото најблиско опкружување во новата постава на ‘’техничката влада’’? Не реков мене. Кој клинац сум па јас! Да сме начисто. Ем ке си го задржеше амбиентот на Месија, ем ке ќареше уште повеќе приврзаници, ем ке забетонираше имиџ на ‘’еве го, се роди новиот лидер’’ сенароден, социјалдемократски, посветен од и за народот. Ем, ке задржеше дух на заедништво ( кое е најпотребно во овие времиња), ем ке ја вратеше довербата во ‘’можеме заедно’’, ем ке беше столб на надежта дека во оваа држава има луѓе кои мислат на народот, а не само го искористуваат. Што тресам? Еве што! ‘’Факат‘’ е дека СДСМ е најголемата опозициона партија, дека структурата на таа партија беше носител на логистиката, на амбиентот, на вербата дека ‘’ ќе повлече’’ народот повторно да верува дека државата е заедничка без оглед на сите различности, дека овој народ знае, умее и може. Арно ама, факат е и дека ‘’посткамперскиот амбиент’’ вели дека сите попушија на крај!! Мање – више е небитно за оние кои генерално и не ги интересираше Заев у кампот освен каузата зашто се таму, ама за една огромна тајфа околу него, ‘’пушинела, дружее’’! Имам многу пријатели меѓу нив, дури и лично ги познавам (апсолутен респект) сите што влегоа у игра у новава наречи ја влада, ама нешто у целиот амбиент што се однесува до опозицијата како целина, ‘’још веча пушиона’’!!!
Како ке изгледа опозицијата ( како фронт) пред избори?
Класика! Математика! Го заболе патљакот некого за ‘’сенародни каузи’’. Широко отворени шупци за власт кои ќе газат преку живо и мртво ако треба, широко отворени зеници за нови политички хоризонти во кои себе си ќе се гледаат како ‘’иднината на Македонија олицетворена во нив како месии’’. Класика друже мој, класика. Од една страна поднаведнати лидери со спуштени пантолани зад кои стои маса залетана да им се упика што подлабоко во газот за евентуално да ‘’бидат у игра‘’ евентуално ако се победи. Па сеа, на крај секако ке биде ‘’ебаниот ебан, тепаниот тепан’’, ама трагедијата не е во тоа, туку во нешто друго. Се изгуби сенсот за ‘’ мешан народ, една кауза’’! Каде одиш Македонијо? Болно е да се помисли дека ако овој пат, кој е историски ми се чини пресуден за Р. Македонија во кој правец ке оди, ако дефинитивно и еднаш за навек се зацрта дека нема ‘’ мешан народ – една кауза’’! Мешан народ – триста каузи! Е, па, нека се носи и позиција и опозиција и сите помали сателити партии пред портите на оние ‘’ на Кале’’, за да пресечат која е каузата!!! Духот на Југословенството нема никогаш повеќе да се повтори после 17 Мај 2015 година. Еднаш за навек отиде у пизду материну. За да бидеме начисто, ‘’југословенството’’ не во вид на југоносталгија, туку чисто на модел, како “можеме заедно ако сакаме само’’. И на крај, жалам што не можам ( у ствари не сакам) да употребам друг збор за она што го мислам. Тоа е следново. Си поигравме ‘’курташак’’ со помислата дека можеме обединети и заедно да делуваме како сила. И каде сме сега? Покажавме и докажавме дека можеме.
И,.. тука се – усравме! Кој ја онади надежта? Да,..да! Знам, Круме берберот….