СДСМ: Го плаќа ли Груевски, Курир со пари од граѓаните?

by Фокус 10:54
10:54

Никола Груевски сака да постојат само Курир и куририте што ги читаат на телевизија, виртуелни вести што ги објавува ова гласило. Минаа недели и денови, се уште нема одговор што навистина е Курир, интернет портал, информативна агенција, агенција-партија, реагираат од опозицискиот СДСМ.

Според СДСМ, Курир воопшто не пренесува ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто имаат критички ставови кон Груевски и неговите погрешни политики.

- Advertisements -

– Вистинска драма е меѓу Груевски и неговите медиумски курири кои се во уплав од незапирливиот процес за средување на состојбите во медиумскaта сфера, професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните. Средувањето на состојбите во медиумите, ќе значи крај за виртуелни инвестиции, виртуелни работни места, виртуелни политики на Груевски од кои се иселија 626.312 илјади луѓе. Наспроти лагите на Груевски, ќе застане вистината. Груевски ги сака лагите, не вистината, затоа ровари против процесoт за професионални медиуми, заедно со медиумските послушници навикнати на корумпција со пари од граѓаните – се наведува во соопштението од СДСМ.

Од таму прашуваат дали Груевски го плаќа и Курир со пари од граѓаните и колку пари на граѓаните одат во Курир од кого почнува ракот во медиумската мрежа на Груевски?

Поврзани новости