Кој има најмногу номинации на вечерашното доделување на Оскари?

by Фокус

Вечерва во Лос Анџелес ќе се одржи 94-тото доделување на наградите Оскар, награда од Американската академија за филмски уметности и науки, а преносот по средноевропско време ќе почне во 2 часот по полноќ.

Темниот психолошки вестерн на Џејн Кемпион, „The Power of the Dog” доби најмногу, дури 12 номинации во неколку категории за најдобар филм, најдобар режисер, најдобар актер и најдобра машка и женска споредна улога.

По „Моќта на кучето“, најмногу номинации имаше „Dune“ на Денис Вилнев – вкупно 10.

По 7 номинации добија познатиот „Белфаст“ на славниот Кенет Брана и римејкот на мјузиклот „West Side Story“, исто така на славниот Стивен Спилберг.

Брана и Спилберг беа номинирани во категоријата најдобар режисер.

Церемонијата, која ќе се одржи во театарот Долби, ќе ја водат трите актерки Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс.

Инаку, актерот и режисер Шон Пен изјави дека јавно ќе ги стопи статуетките од наградата Оскар што ги има добиено и ќе повика на бојкот на церемонијата доколк украинскиот претседател Володмир Зеленски не се обрати на настанот.

Поврзани новости