Шон Пен се закани дека ќе ги стопи статуетките ако Зеленски не зборува на Оскар

by fokus

Актерот и режисер Шон Пен изјави дека јавно ќе ги стопи статуетките од наградата Оскар што ги има добиено и ќе повика на бојкот на церемонијата доколк украинскиот претседател Володмир Зеленски не се обрати на настанот.

Во изјава за „Си-Ен-Ен“ тој кажа дека дознал дека академијата одлучила Зеленски да не учествува во церемонијата на доделување оскарите, што се оддржува вечерва. Според него, ако филмската академија не овозможи на лидерството во Украина, кои примаат куршуми за да ги заштитат своите домови и своите деца, тоа ќе биде најсрамниот момент во целата историја на Холивуд.

Шон Пен патуваше во Украина за собирање донации за настраданите од војната и и неколку пати се сретна со претседателот Зеленски. Деновиве е во Варшава каде завршува документарна продукција за војната на Русија во Украина.

Поврзани новости