Кој е следниот план на Путин?

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја заврши војната во Украина со кампањата во Донбас и е решен да изгради копнен мост до Приднестровие, нагласи денеска директорката на Националното разузнавање на САД, Еврил Хејнс.

„Сметаме  дека претседателот Путин се подготвува за продолжен конфликт во Украина за време на кој се уште има намера да постигне цели надвор од Донбас“, рече Хејнс.

„Путин најверојатно смета дека Русија има поголема способност и подготвеност да издржи предизвици од неговите противници, и тој веројатно смета на решителноста на САД и ЕУ да ослабат бидејќи недостигот на храна, инфлацијата и цените на енергијата се влошуваат“, нагласи Хејнс на сослушување во Сенатот.

Поврзани новости