Кој е крив? Чива должност е ова?

by lali 20:31
20:31

Ужасна е глетката, иако сега е разеленето, па жбуновите од гранки и лисја го прикриваат шунотот, ама на есен ќе биде трагедија. Не знам како до сега тоа некој не го забележал.

Да речеме дека и надлежните носат одговорност, но и ние како граѓани како да сме оперирани од неа. Маџари иако како населба е мала, има голем број контејнери каде можат да се фрлаат отпадоците. Не разбирам каква е таа умисла на луѓето, да го собереш цело ѓубре од дома и да не одиш да го фрлиш во контејнер, туку да тепаш пат до автопатот и таму да го истовариш. Ужас!

- Advertisements -

IMG_20140807_194112IMG_20140807_194125IMG_20140807_194143

Ај да се надеваме дека надлежните некогаш (ако го видат) ќе го исчистат ѓубрето, ама па и граѓаните што живеат во близина што чекаат? Што не се обратат некаде? Позади двор им е. Голем дел има и во самиот школски двор каде децата им учат. Па нели им мириса? Нели им смета сета таа нечистотија?

Искрено, освен кругови околку зградите и локалните улици, тоа шеталиште е единственото коа Маџари го има. И сами си го уништуваме. Па затоа апелирам до надлежните во општината, ѓубрето да го соберат, голем дел од тревите да ги скратат, да постават неколку улични светилки, знаци за забрането фрлање ѓубре и уште 3-4 клупи. Што побрзо, тоа подобро затоа што ако продолжиме вака местото ќе стане голема депонија, а има потенцијал да биде убаво маалско шеталиште.