ВМРО-ДПМНЕ: Младите социјалдемократи се лицемерни

by Фокус

Младите од СДСМ се крајно лицемерни. Токму нивната партија ја закопа судбината на илјадници млади луѓе во Македонија. Тие ја оставија Македонија со рекордна, највисока стапка на невработеност од над 38 отсто и не обезбедија ниту едно ново работно место, а најмалку за младите, експреснo реагираа властодршците на пресот на кој младите од СДСМ изјавија дека повеќе од половината млади во Македонија се невработени.

„Денес младите имаат поголем пристап до високото образование како чекор до поголем успех во животот. Отворени се нови универзитети, факултети и дисперзирани студии и намалена е партиципацијата за студирање од 1.000 евра од времето на СДСМ, на 200 евра. За разлика од времето на СДСМ кога студирањето беше луксуз и кога се образуваа само богатите синови на олигарсите од нивната партија, денес студирањето е достапно за огромен број млади во Македонија. Дополнително, донесени се и многу други мерки со кои што се обезбедува задолжително и бесплатно средно образовение, бесплатни учебници и превоз за учениците. Изградени се и реконструирани се окулу 300 училишта во целата држава. Зголемени се стипендиите за учениците и студентите и обезбедно е бесплатно школување за најталентираните ученици кои ќе се запишат на престижните светски универзитети”, се вели во реакцијата

Од владејачката партија велат дека СДСМ нема реализирано ниту процент од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направило за младите.

Поврзани новости