Кои се новите министри во владата на Груевски?

by Фокус

Горан Мицковски, кој работел како финансиски консултант во реномирани британски и австралиски банки, ќе биде министер за странски инвестиции, објави предмалку телевизијата Алфа.

Претходно, и други медиуми лицитираа со новите имиња во идната влада на премиерот Никола Груевски, при што како нов министер за одбрана беше посочен Емил Димитриев, а за земјоделие социјалистот Михаил Цветков.

Во врска со министерските новитети на ДУИ, се шпекулира дека можни министри се Беким Незири, односно Аднан Јашари, зависно од тоа дали партијата како замена за одбраната го добие ресорот труд и социјала, или, пак, образование.

Што се однесува до другите министерства, не се очекуваат промени, па на истите позиции ќе останат Зоран Ставревски, Владимир Пешевски, Никола Тодоров, Гордана Јанкуловска

Поврзани новости