„Кога РСМ ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во Уставот, ќе може да се каже дека гради модерно мултиетничко општество“ порачува Радев

by Fokus

Бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за агенцијата БГНЕС вели дека „раководството на РС. Македонија треба да ја убеди не Бугарија, туку соопствените граѓани дека гради демократско држава во која не се пука во бугарските клубови, тие не се палат, а Бугарите во оваа земја не се подложени на систематска репресија, физичко насилство и диригирани судски процеси“.

„Раководството на РСМ може да претендира дека гради модерно мултиетничко општество, кога ќе смогне сили да ги запише сонародниците на Гоца Делчев во својот Устав“, вели бугарскиот претседател.

За протоколот потпишан меѓу Скопје и Софија, тој не гледа напредок.

„Таму нема напредок. Затоа разговарам со европските лидери и институции дека треба да има движење според овој протокол, бидејќи таму се учебниците, таму е говорот на омраза, таму се медиумите, таму е отворањето на архивите и извинувањето за етничката репресија на Бугарите низ годините. Има и други важни работи, како што е зачувувањето на нашето културно наследство“ – вели Радев.

Радев подвлекува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјава е задолжителен услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ, а овој услов е вклучен и во преговарачката рамка на т.н. француски предлог. Според него, сеењето омраза кон Бугарите е процес кој трае со децении.

Поврзани новости