КОД: 9 пациенти од корона вирус починале дома без резултати, алгоритмот ги отфрлал за тестирање

by fokus

9 пациенти, заболени од КОВИД 19 досега починале или дома или во друг објект, а не во болница бидејќи голем дел од нив не стигнале ниту на ред да бидат тестирање. Уште седум луѓе починале од Ковид без да ги дочекаат резултатите од тестирањето, покажуваат анализите на КОД.

Радишанецот Роберт Јанковски, лице со хендикеп е еден од ваквите жртви на корона вирусот, а неговите блиски тврдат дека тој починал откако алгоритмот го отфрлил за тестирањето и не можел да стигне до болнички кревет. И хендикепираните имаат право на живот, вели неговата сестра во емисијата КОД.

Во КОД кој ќе се емитува вечерва во 19:15 на Телма и истражувањето за 5-те ексклузивни нотари кои од државата добија право да ги парафираат договорите за економска помош во корона-кризата.

Поврзани новости