Бизнисменот Сеад Кочан држи бројаници во раката додека чека да му биде соопштена пресудата за предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство.
Судијката Лидија Трајковска Зимбовска во образложението пред да ја прочита пресудата наведува дека врз основа на невистинит документ конзорциумот успеал да ги исполни условите и да го добие тендерот.
„Судот утврдил дека договорот произлегува од невистинита документација и анексот како доказ за поседување на техничка опрема. Врз основа на невистинита документација, конзорциумот ги исполнил условите и се квалификувал во втора фаза. Од вербалните докази од содржината на разговорите произлегува дека обвинетите свесно ги повредиле прописите заради остварување на профит – се наведува во образложението.
Во образложението уште се наведува дека одбраната тврделе дека нема доказ за тоа.
Обвинетиот Василие Авировиќ не е присутен на денешното судско рочиште, а неговата адвокатка тврдела имал здравствени проблеми, односно не се чувствувал добро.
Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.
М.В.