Сеад Кочан доби затворска казна од 6 години, а Авировиќ од три години

by Fokus

Управителот на компанијата „Трансмет“ Сеад Кочан денеска во Кривичниот суд Скопје е осуден на шест години затвор за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, односно дека со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра, за што го товареше Специјалното јавно обвинителство.

Третообвинетиот Сафет Ватиќ се ослободува од вина, односно делото за кое се обвинува не е кривично дело според закон.

Судијката додаде дека фирмите „Силекс Неметали“ и „Трансмет“ одговорни за кривичното дело треба да платат 2 милиони денари, кои треба да ги платат во рок од 30 дена од правосилност. Во случај да не можат да ја платат казната, сумата им се одбива од нивните правни следбеници, од имотот на основачите, сопствениците или акционерите на фирмите.

Со пресудата на осудените фирми им се конфискува имот во износ од 1.060.000.000 денари, односно 17 милиони евра. Тоа е вредноста на самиот тендер. Обвинителот, Гаврил Бубевски, ова го нарече конфискација во бруто износ, за што му честита на судот, затоа што претставува превенција од други кривични дела од економски криминал.

М.В.

 

Поврзани новости