Преведени сите 401 поднесени амандмани од ВМРО ДПМНЕ

by Fokus

За помалку од 24 часа преведени се и архивирани сите 401 амандмани поднесени од опозициската ВМРО ДПМНЕ, изјави претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби.

Вчера опозицијата побара одложување на седницата поради поднесените амандмани, со образложение дека ќе треба време да ги поминат сите собраниски филтри за да се достават до Комисијата за европски прашања. Комисиската расправа треба да заврши за два дена, бидејќи измените на Изборниот законик се носат со европско знаменце. Расправата беше отворена вчера, но веднаш беше одложена. Ако расправата трае до полноќ тогаш ќе се гласа бидејќи денеска е вториот ден откако е отворена.

Поврзани новости