Кобила уби ветеринар – го удри со нога во градите

by irena 10:15
10:15

Трагична несреќа се случи во областа Крижевци, на северот на Хрватска каде што 48-годишен ветеринарен работник почина за време на ветеринарна процедура.

Според полициските информации, мажот работел со кобила во шталата кога животното одеднаш силно го удрило во градите со едната нога. Веднаш била повикана брза помош на местото на настанот, но и покрај укажаната медицинска помош, повредите биле фатални и мажот починал.

Телото на жртвата е пренесено во Одделот за патологија на Општата болница Бјеловар, каде што по наредба на окружното државно обвинителство ќе се изврши обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Полицијата спроведува истраги и ги утврдува сите околности на несреќата, по што надлежното државно обвинителство ќе поднесе извештај за случајот.

Слични вести