496
Главниот извршен директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, се обидел минатото лето да го врати менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на „Сигнал Идуна Парк“ .
– Во еден момент, ми ѕвонеше телефонот додека бев во авионот – тоа беше Вацке. Тој ми рече дека морам да се вратам. Се насмеав и мислев дека е некоја шега. Го прашав: „Да не си пијан? Како воопшто дојде до оваа идеја. Јас имам договор за уште две години со Ливерпул“, раскажува Клоп за новата книга на Вацке, „Вистинска љубов: Еден живот со Борусија Дортмунд“.
Под водство на Клоп, кој во Борусија дојде во 2008-година, тимот од Дортмунд два пати беше шампион на Германија во сезоната 2010/11 и 2011/12 кога ја освои и титулата во националниот Куп.