Двократниот шампион Роџер Федерер (Швајцарија) се квалификуваше во четвртфиналето на „Мастерсот“ во Шангај, со награден фонд од 7,47 милиони долари.

Федерер по скоро два часа игра го елиминира Белгиецот Давид Гофан по 7: 6 (7), 6: 4 со што го совлада по десетти пат во нивниот 11 дуел.

Број 6 во шемата, Стефанос Циципас (Грција) стигна до четвртфиналето за прв пат на турнирот откако го победи тешко Хуберт Хурках (Полска) со 7:5, 3:6, 7:6 (5).

Циципас во следното коло ќе игра против бранителот на титулата и лидерот во светската ранг-листа, Новак Ѓоковиќ (Србија).

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.