654
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко утринава разговараше со специјалниот дописник на „Скај Њуз“ од главниот град на Украина, веднаш по повеќекратното гранатирање на населба од главниот град, укажувајќи на штетата, што, наводно, била предизвикана од ракета.
-Шест згради, вклучувајќи и една предучилишна установа, се оштетени во нападот врз населбата Подил во Киев, рече Кличко.
Населбата е во северниот дел од центарот на градот и на околу 1,5 милји од владиниот кварт, во кој се наоѓа претседателската палата.
-Нападот беше насочен кон станбена област без воена база, рече Кличко.
Запрашан што очекува да се случи следно во Киев, тој кажа дека верува дека очекува да има жесток напад, сличен на оние во Мариупол и Харков.