Петков за приведувањето на Борисов: Никој не треба да се плаши од вистината!

by Fokus

Бугарскиот премиер Кирил Петков, во видео порака лиферувана од прес-службата на бугарската Влада, изјави дека апсењата на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии, Владислав Горанов, и Севдалина Арнаудова, покажуваат дека никој не е над законот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков во пораката кажува дека Европското обвинителство во моментов ја истражува злоупотребата на европските фондови и средства. Но, тој запраша каде е бугарското обвинителство и дали конечно ќе застане на страната на бугарскиот народ.

-Мојата улога е да им дадам целосна слобода на сите тела да дејствуваат во согласност со нивните законски овластувања. Никој не треба да се плаши од вистината! Само без страв од недопирливите Бугарија може навистина да се промени, додаде Петков.

Поврзани новости