Рок групата „Кис“ соопшти дека на 31 јануари наредната година тргнуваат на својата последна турнеја. Бендот којшто постои веќе 45 години, сака да се збогува со обожавателите, „додека групата сѐ уште може да изведува впечатливи концерти“, велат оттаму.
Турнејата е насловена „End of the Road” (Крајот на патот), и ќе започне со настап во Ванкувер на 31 јануари 2019 година. – Се очекува тоа да трае две-три години, со концерти низ целиот свет, изјави басистот Џин Симонс.
Членовите на „Кис“ се препознатливи по својата специфична мрачна црно-бела шминка која постојано ја носат во јавност. Особено се познати нивните хитови од 1970-те, како што се „I was made for loving you” и „Rock and Roll All Night”. Досега имаат продадено над 100 милиони копии од своите албуми.
Фото – Alternative press