Виолета Томовска со награда за животно дело на Филиграни

by fokus

Фолк дивата Виолета Томовска е добитник на наградата за животно дело, која ќе и биде доделена утре, на јубилејното 25-то издание на Интернационалниот фолк фест „Филиграни“.

Фестивалот ќе се одржи во салата на Домот на АРМ, со почеток од 20 часот, а ќе бидат доделени и две гран-при награди во спомен на Гоце Арнаудов и Војо Стојаноски. Исто така, ќе се додели и награда за најдобар аранжман во спомен на Јанко Узунов, прва, втора и трета награда од публика и стручно жири, но и награди за најдобар дебитант, текст, сценски настап, интерпретатор и најсвадбарска песна.

Творци, односно организатори на настанот се Катерина Стојановска – Десковска и Костадин Костадиновски, а влезот во салата на Дом на АРМ, по повод јубилејот, ќе биде бесплатен. Најавено е учество на Благица Павловска, Марјан Коцев, Вики Среброва, Јулија, Силвана Крстовска, Даниела Темелковска, Илијана, Серафина Фантаузо, Теди Еротеева и други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости