324
Руските сили и денеска гранатираа здравствена установа во Херсон, откако овојпат го погодија породилното одделение во Херсон.
Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко, напиша дека зградата е оштетена, но дека медицинските работници, пациентите и децата не се повредени.
Тoj објави и фотографија од местото на гранатирањето, пренесе украинскиот сајт prm.ua. Руските сили вчера го гранатираа Херсон и погодија станбена зграда.