Кирацовски: Не сум влијаел за вработувања, грешка е

by fokus

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски не чувствува никаква одговорност затоа што Антикорупциската комисија откри дека при вработување во државни институции на тројца негови блиски роднини било извршено влијание – сестрата, бабата и дедото, објави ИРЛ.

На прашањето дали планира да понесе одговорност, тој ги негира овие наоди и вели дека информацијата е погрешна.

„Немало никакво влијание, не знам кој дал таква информација, но погрешна е“, кусо ни одговори Кирацовски преку смс порака.

Членовите на Комисијата, денеска на седница утврдија дека во 6 од 18 случаи во кои беа вработени блиски роднини на пратеници или функционери на власта, критериумите во огласите биле местени за да одговараат токму за кандидатот кој што требало да биде вработен.

Од шесте случаи во кои било откриено дека постоело влијание при вработувањата на кандидатите, три се за роднините Кирацовски. Антикорупциската комисија откри дека влијание било извршено при вработувањата на сестрата, бабата и дедото на Кирацовски.

Поврзани новости