Пендаровски преку Груевски ги мотивира граѓаните да излезат на гласање

by fokus

Со масовно гласање на 5 мај, ние конечно, по 10 години, ќе добиеме вистински претседател на државата. Масовното гласање значи поддршка на концептот за НАТО и ЕУ, за напредок на земјата и повеќе да не се враќа во мрачен режим, истакна претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на вечерашната трибина во центарот на Прилеп на платото околу Градскиот саат.

-Три клучни работи се битни. На 5 мај битно е да излеземе масовно на избори зашто најбитен е овој концепт кој го поддржуваме јас, премиерот и од владејачката структура зашто се води државата во НАТО и во ЕУ. Иако 30 години сите генерации на етникуми кои живеат во земјава сакаа да ја видат земјава во НАТО, и ЕУ, оваа генерација може да го оствари тој сон. Само овој концепт, ако добие ваша поддршка на 5 мај, ја носи Македонија во друштвото на развиени земји. Второ, масовното гласање на 5 мај за бројот 3  значи дека никогаш повеќе во оваа земја нема да се врати режимот на Груевски и на фамилијата, рече Пендаровски.

Многу фамилии, фирми и бизниси, додаде, и од Прилеп, беа запустени.

-Верувам и луѓе кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ не сакаат тие времиња да се вратат. Груески ќе се врати само да отслужи казна затвор. Со масовното гласање на 5 мај, ние конечно, по 10 години, ќе добиеме претседател на државата. Во последните осум години немавме претседател кој ќе ја почитува правната држава и ќе работи за своите граѓани. Затоа, со масовно гласање на 5 мај, сите ќе добијат претседател од кој нема да се срамат, рече Пендаровски пред прилепчани.

Поврзани новости