Кирацовски најави кривични пријави за притисоци врз администрацијата

by fokus

Дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски денеска соопшти дека на веб страница од акцијата „Пријави притисок за фер избори“, за заштита на администрацијата од предизборни злоупотреби, пристигнале пријави од вработени со сериозни информации за политички влијанија, притисоци, заплашувања.

-Почнав да поднесувам соодветни пријави до Трудовата инспекција, Управната инспекција и до полицијата. Ќе има и кривични пријави! Со ова јасно ставам до знаење дека никој нема право да го нарушува мирот на вработените во администрацијата и нивното право професионално да си ги извршуваат работните обврски во интерес на граѓаните. Секој кој направил или ќе направи прекршок, ќе одговара, изјави Кирацовски.

Тој рече дека имал средби со одговорните лица во повеќе институции на кои што им укажал да овозможат професионални услови за работа.

Поврзани новости