Наумов предупредува: ВМРО-ДПМНЕ ги задолжи граѓаните со уште 9,2 милиони евра

by fokus 16:41
16:41

Дополнителниот заменик министер за финасии, Кире Наумов реагира на последното задолжување на Владата на домашниот пазар преку хартии од вредност.

Според Наумов ова задолжување е во предизборен период и е повисоко од износот кој достасува за враќање.

- Advertisements -

„Укажуваме дека во предизборен период министерот за финансии Кирил Миноски ги задолжи граѓаните за износ три пати поголем од износот на долговите што доспеваат за враќање.Порачуваме дека за сите злоупотреби со задолжувањата ќе има одговорност!“, се вели во реакцијата на Наумов.

3604-kire-naumov

Тој вели дека при денешното задолжување на домашниот пазар на капитал, власта на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжи граѓаните со 9.2 милиони евра.

„Со тоа јавниот долг го продолжува загрижувачкото темпо на задолжување на што укажаа и Европската Комисија и ММФ и Светска банка, а кое што ги надмина критичните 50 отсто од БДП“, се вели во реакцијата.


Поврзани новости