Андонов: Криминални групи поврзани со СДСМ ја загрозуваат државната безбедност

by fokus

Дополнителниот министер Оливер Андонов, коментирајќи ја синоќешната престрелка што се случи во Скопје, рече дека лицето врз кое било избршено обид за убиство и било познато на полицијата по неговите криминални, но и политички активности, пренесе Актуелно.мк.

 Андонов тука уште еднаш  го обвини Социјалдемократскиот сојуз за поврзаност со „криминално подземје”, особено посочувајќи го министерот Оливер Спасовски.

-За жал, се докажа она што барем јас во изминатиот период упорно го говорев, дека со противзаконските поставувања во МВР и врските на СДСМ и на министерот Оливер Спасовски со криминални групи и поединци, само ја зголемуваме тензичноста, а тоа не помага во безбедноста на државата и граѓаните. Првичните сознаинија на полицијата посочуваат дека се работи за некоја пресметка, дали е криминална или политичко-криминална, допрва ќе се истражува. Завршен е увидот, подигнато е моторното возило на повредениот, се собираат докази, а полицијата се уште работи на откривање на извршителите, рече Андонов.

Инаку, во престрелка на крстосницата меѓу Партизанска и Париска улица, вчера беше ранет еден човек. Неофицијално, повредениот е Даниел Трајковски – Близнакот од скопската населба Ѓорче Петров. По пукотниците тој беше пренесен во КАРИЛ, каде му е извршена операција, но поради сериозноста на повредите животот се уште му е во опасност.

Поврзани новости