421
Јас ви простувам за „крвавиот четврток”, бидејќи не бевте свесни во што бевте втурнати.
Вака пратеникот и потпретседател на СДСМ, Александар Кирацовски, предмалку им се обрати на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница за избор на нова влада, која е во самиот финиш.
-Но, јас знам, го гледам тоа во вашите очи, дека вие никогаш нема да му простите на вашиот наредводавач за она што го направивте на 27 април во парламентот,а можеше да заврши уште полошо – порача тој.