569
Пратеникот Александар Кирацовски утрово ќе даде исказ во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“.
Тој деновиве порача дека обвинителството треба да ги повика на распит сите политичари кои контактирале со првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, за да се стави крај на, според него, чаршиските муабети.
Вчера, уште една негова колешка од парламентот која имаше контакти со Боки 13 даде исказ во обвинителството, по што изјави дека со првосоомничениот се познавала, но не и со другите осомничени и пријавителот.