Фетаи: Не е битно дали ќе гони Фатиме или Вилма, битно е да има одговорност

by Фокус

Не треба да гледаме моментни ситуации туку да ја гледаме поголемата слика и повисоката цел, а тоа да спречиме тие што се огрешиле од законот да не одговараат, изјави обвинителката Фатиме Фетаи, коментирајќи го вчерашното барање на притворената специјална јавна обвинителка Катица Јанева сите предмети СЈО да ги предаде во републичкото јавно обвинителство.

-Не е битно дали ќе гони Фатиме, Вилма или некоја трета – Костадинка, туку е битно тој што се огрешил пред законот да се соочи со последиците од дејствијата што ги има преземено – рече Фетаи.

Според неа, одредени политичари користат правни празнини и ја злоупотребуваат политичката моќ за, како што рече, да дојдат до решение кое ќе значи целосно или делумно одбегнување на кривична одговорност.

Поврзани новости