Огромен број на вработени во јавниот сектор се под константен притисок од страна на партиски поставените шефови за учество на партиски митинизи, собири, настани, постојано се заплашуваат дека ќе ги изгубат работните места доколку не гласаат за владејачката партија и истите се принудени да собираат гласови. Ова денес го изјави заменик доплнителниот министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски.
Тој тврди дека секојдневно на интернет страницата (www.dzm-mioa.mk) пристигаат голем број на анонимни пријави, за притисоци врз вработените од јавниот сектор во пресрет на предвремени парламентарни избори.
– Во таа насока, во овој период се покренати соодветни постапки пред надлежните институции за проверка на фактичката состојба во институциите за каде што имаме сериозни информации дека се случуваат злоупотреби на вработените од јавниот сектор за партиско политичко цели – вели Кирацовски.