ОЈО: Формиравме 42 предмети за изборни нерегуларности

by Fokus

Од Основното јавно обвинителство оформиле 42 предмети за изборни нерегуларности и редовно ги следат случувањата и објавите во врска со организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

– Во таа насока, формирана е Комисија за следење на изборните нерегуларности со задача да постапува во сите настани каде постојат индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите. За сите настани за кои јавното обвинителство ќе оцени дека има сомнение за евентуално сторени изборни нерегуларности дава задолженија до Основните јавни обвинителства за итно постапување – се наведува во нивното соопштение.

Од ОЈО известуваат дека до овој момент врз основа на случени кривично правни настани се оформени вкупно 42 предмета.

Од нив 20 предмети се оформени по службена должност по допрен глас по наводите објавени во медиумите, на порталите, по социјалните мрежи, додека три предмети се оформени по кривични пријави поднесени од физички лица за сторено кривични дела поврзани со изборниот процес.

Деветнаесет предмети се оформени и по нив се постапува од поднесоци доставени од здруженија на граѓани, политички партии и институции. Од нив, два предмети се оформени по испратен поднесок на електронската адреса на Комисијата за следење на изборни нерегуларности, останатите седумнаесет се оформени по писмено доставување по пошта на пријави.

Поврзани новости