Ким Џонг-Ун се обврзал дека целосно ќе се откаже од нуклеарното оружје во заедничката декларација, што ја потпиша со Доналд Трамп на нивната средба во Сингапур.
Декмарацијата која ја потпишаа по средбата се состои од следните точки:
-САД и Северна Кореја ќе се посветат на воспоставување нови односи помеѓу двете држави, во согласност со желбите на двата народа за мир и просперитет.
-САД и Северна Кореја ќе вложат заеднички напори да изградат стабилен и долготраен мир на корејскиот полуостров.
-Потврдувајќи ја декларацијата потпишана во Панмунџом на 27 април, Северна Кореја се обврзува дека ќе спроведе целосна денуклеаризација на полуостровот.
-САД и Северна Кореја се обврзаа да ги вратат воените заробеници и посмртните останки на војниците во своите земји.