Ким Џонг Ун до Путин: Поддршка и солидарност на рускиот народ во тешката борба за одбрана на својата света цел

by Fokus

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун понудил „целосна поддршка“ од Пјонгјанг за Москва во порака испратена денеска до рускиот претседател Владимир Путин, објавија државните медиуми.

Ким му испрати честитка на рускиот колега по повод националниот празник на Русија, една од ретките земји сојузници на Пјонгјанг.

– Севернокорејскиот народ ја нуди „својата целосна поддршка и солидарност на рускиот народ во тешката борба за одбрана на својата света цел за зачувување на суверените права, развој и интереси на својата земја против произволните и авторитарни практики на империјалистите“, се вели во порака објавена од севернокорејската новинска агенција KCNA.

Пораката не ја спомнува конкретно инвазијата на Украина или учеството на Москва во вооружениот конфликт, туку наместо тоа ја пофалува „добрата одлука и управување на Путин да ги спречи растечките закани на непријателските сили“.

Северна Кореја ја нарече војната во Украина како американска прокси војна чија цел е уништување на Русија и ја осуди воената помош што се испраќа до Киев.

Во јануари Вашингтон ја обвини Северна Кореја за испраќање ракети и проектили на руската паравоена група Вагнер, што Пјонгјанг го негираше.

 

Поврзани новости