536
На граничните премини од македонска страна има зголемена фреквенција за влез и излез од државата, соопштија од Автомотосојузот на Македонија.
Зголемување на интензитетот на сообраќајот, како што се наведува во соопштението, има и на патните правци надвор од градските средини.
Километарски колони се формираат на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција, а на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава се чека од 15 до 30 минути, а за влез во Грција уште повеќе.