Во сообраќајка починаа две момчиња кои се возеле на мотоцикл

by fokus

Две момчиња на возраст од 14 и 15 години настрадаа во сообраќајна несреќа што се случила синоќа по полноќ во општина Босилево.

-На 12.08.2018 година околу 00.10 часот на влезот во с.Петралинци, општина-Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Алфа Ромео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.М. (28) од Струмица и мотоцикл на кој се превезувале две момчиња од с.Дрвош на возраст од 15 и 14 години. Во незгодата на местото починале двете момчиња. Увид извршила екипа од СВР Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите ќе бидат предадени на обдукција, информираат од МВР.

Поврзани новости