Киличдароглу на гласачките места во Македонија го победи Ердоган

by Fokus

По нецелосните резултати од претседателските избори во Турција, се поизвесно е дека ќе има уште еден изборен круг, меѓу сегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган и опозицискиот претставник Кемал Киличдароглу.

Според податоците на агенцијата Анадолија, по пребројани 99,38 отсто од гласовите, Ердоган води со 49,36 отсто од гласовите, Киличдароглу има 44,99 отсто, а кандидатот Синан Оган добил 5,21 отсто од гласовите.

Во Македонија на пет гласачки места колку што има во земјава, Киличдароглу победил со 757 гласови, пред Ердоган со 569, пишува турската новинска акгенција „Анадолија“.  На трето место е Оган со 9 гласови.

За две недели ќе се одржи вториот круг од претседателските избори, а се поверојатно дека ќе одлучат гласовите токму на Оган.

Поврзани новости