Кијану Ривс доаѓа во Србија

by Fokus

Холивудскиот глумец Кијану Ривс доаѓа во посета на Србија. Во Белград ќе пристигне на почетокот на Новата година, а посетата ќе биде од хуманитарен карактер.

Ќе се обиде да им помогне парично на оние на кои им е потребна најголема помош. Планирано е да дојде во Белград на почетокот на наредната година, пренесе „Курир.рс“.

Ривс е косценарист и на стрипот BRZRKR на кој Србија, по Америка, е првата земја која ги има откупено правата, нешто што е големо изненадување за него, вели извор близок до него.

Поврзани новости